1. Организатор на наградната игра:

Организатор на наградната игра со име „500 евра секој ден со Златен Даб
е Прилепска пиварница АД-Прилеп, со седиште на ул “Цане Кузманоски” бр.1 Прилеп, со ЕДБ 4021991109104 и ЕМБС 4071344.


2. Времетраење на наградната игра:

Наградната игра „500 евра секој ден со Златен Даб
ќе започне на 10.06.2019 година (од 00.00 часот - почеток на наградната игра) и ќе трае до 21.07.2019 ( 13.00 часот - крај на наградната игра).


3. Територија:

Место на одржување на наградната игра е целата територија на Република Македонија.


4. Право на учество:

Во наградната игра право на учество имаат сите консументи на производите пиво „Златен Даб
во пакувањe од 0,33 л и 0,5 л стаклена амбалажа од Прилепска пиварница А Д Прилеп (организатор на наградната игра), а постари од 18 години, освен вработените во Прилепска Пиварница АДПрилеп, Футура маркетинг агенција и Виртуал ЦС ДООЕЛ Скопје, како и членовите на нивните потесни семејства.


5. Цел на наградната игра:

Наградната игра, Организаторот Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ја прави со цел рекламирање на производот „Златен даб
од 0,5 л и 0,33л стаклена амбалажа.


6. Начин за учество во наградната игра:

Секое полнолетно физичко лице освен вработените во Прилепска Пиварница АД-Прилеп, Футура
маркетинг агенција и Виртуал ЦС ДООЕЛ Скопје, како и членовите на нивните потесни семејства кое
во периодот на времетраењето на наградната игра од 10.06.2019 година (од 00.00 часот) до
21.07.2019 година (до 13.00 часот), ќе купи производ пиво „Златен Даб“ во пакување од 0,5 л и 0,33л
стаклена амбалажа со специјално капаче може да учествува во наградната игра.
Пакувањата од производот пиво „Златен даб
0,5 л и 0,33л стаклена амбалажа кои ќе учествуваат
во наградната игра ќе бидат со посебни златни капачиња кои се разликуваат од редовните
капачиња, се назначени дека се за наградна игра и на долниот дел од капачето имаат код. Не постои
никакво ограничување на количината пиво која секој учесник ќе може да ја купи и бројот на кодови
кои може да ги прати.

„500 евра секој ден со Златен Даб” е наградна игра во која за учество се квалификуваат потрошувачи
кои ќе купат специјално обележани промотивни пакувања „Златен Даб“ во стаклено пакување од
0,33л или од 0,5л со златно капаче, ќе го испратат кодот од под капачето/отворачот, од внатрешната
страна преку СМС порака на телефонскиот број 14700 од двата мобилни оператори Телеком и Вип
ОНЕ во Р.Македонија или на Златен Даб-профилот на Вибер и ги исполнуваат условите за учество
во наградната игра. Цената на секоја СМС порака е 5,9 ден. со вклучен ДДВ, на товар на испраќачот, додека испраќањето на кодовите преку Вибер е бесплатно. Секоја СМС и порака испратена преку Вибер има подеднакви шанси да биде извлечена.
Во случај испраќачот да биде извлечен како добитник на парична награда, должен е пред да му биде исплатена наградата да приложи доказ дека е корисник на телефонскиот број од каде е испратен добитниот код, односно да ја покаже пратената порака со добитен код како и капачето со
кодот кој е испратен и извлечен..

Едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број пати со неограничен број на СМС/Вибер пораки, но со користење на различни кодови (од различни капачиња/отворачи). Секој
поединечен код може да се искористи само еднаш. Во случај ист код повторно да биде испратен од страна на истото или на друго лице, оваа испратена СМС/Вибер порака ќе биде прогласена за неважечка, за што испраќачот ќе добие СМС/Вибер известување.

Сите испратени кодови преку CMC/Вибер пораки ќе бидат верификувани од страна на приредувачот на наградната игра. По верификувањето, секој учесник во наградната игра ќе добие повратен
одговор преку СМС или Вибер (во зависност од каде е пратен кодот).
Во случај на погрешно испратен код, испраќачот ќе биде биде известен преку СМС/Вибер порака.


7. Начин на извлекување во наградната игра:

Наградната игра започнува на 10 јуни 2019 година и трае до 21 јули 2019 година и извлекувањата ќе бидат секој ден од 10 јуни до 21 јули 2019 година (42 денови во 13.00 часот).
Добитниците во наградната игра ќе се извлекуваат по електронски пат преку компјутерска селекција од единствената база на испратени СМС и вибер пораки која ја сочинуваат лица кои купиле производ од член 4 и испратиле смс/вибер порака за учество во наградната игра.
Извлекувањето на 42-те парични награди во поединечен износ од по 30.750,оо денари ќе биде по следната динамика:

ДИНАМИКА НА ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИ ВО ИЗНОС ОД ПО 30.750 ДЕНАРИ

1 10.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 10.06.2019 од 00.00 часот до 13.00 часот на ден 10.06.2019
2 11.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 10.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 11.06.2019
3 12.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 11.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 12.06.2019
4 13.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 12.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 13.06.2019
5 14.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 13.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 14.06.2019
6 15.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 14.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 15.06.2019
7 16.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 15.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 16.06.2019
8 17.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 16.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 17.06.2019
9 18.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 17.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 18.06.2019
10 19.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 18.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 19.06.2019
11 20.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 19.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 20.06.2019
12 21.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 20.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 21.06.2019
13 22.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 21.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 22.06.2019
14 23.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 22.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 23.06.2019
15 24.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 23.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 24.06.2019
16 25.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 24.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 25.06.2019
17 26.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 25.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 26.06.2019
18 27.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 26.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 27.06.2019
19 28.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 27.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 28.06.2019
20 29.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 28.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 29.06.2019
21 30.06.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 29.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 30.06.2019
22 01.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 30.06.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 01.07.2019
23 02.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 01.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 02.07.2019
24 03.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 02.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 03.07.2019
25 04.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 03.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 04.07.2019
26 05.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 04.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 05.07.2019
27 06.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 05.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 06.07.2019
28 07.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 06.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 07.07.2019
29 08.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 07.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 08.07.2019
30 09.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 08.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 09.07.2019
31 10.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 09.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 10.07.2019
32 11.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 10.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 11.07.2019
33 12.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 11.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 12.07.2019
34 13.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 12.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 13.07.2019
35 14.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 13.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 14.07.2019
36 15.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 14.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 15.07.2019
37 16.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 15.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 16.07.2019
38 17.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 16.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 17.07.2019
39 18.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 17.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 18.07.2019
40 19.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 18.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 19.07.2019
41 20.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 19.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 20.07.2019
42 21.07.2019 извлекување во 13.00 часот учестуваат испратените пораки од 20.07.2019 од 13.00 часот до 13.00 часот на ден 21.07.2019


Извлекувањата за секоја парична награда ќе се одржат на посочените датуми и ќе биде извлечен по еден добитник на парична награди од СМС и Вибер кодовите. Добитниците ќе добијат СМС/Вибер известување за добиената награда. Испратените СМС и вибер пораки учествуваат во наградната игра согласно табеларниот преглед и нема да важат за следните извлекувања.
Добитниците во наградната игра ќе се извлекуваат по електронски пат преку компјутерска селекција од базата на испратени СМС и Вибер пораки. Во извлекувањето на добитниците нема да влијае човечки фактор.
Извлекувањето ќе биде автоматизирано од страна на специјално креиран софтвер за оваа намена инсталиран во просториите на Виртуал ЦС ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Бојмија 3/6к, 1000 Скопје. Р. Македонија.

При извлекувањето ќе биде проверувана содржината на СМС и Вибер пораките и дали се запазени правилата на наградната игра.

Резултатите од наградната игра ќе бидат објавувани во рок од три дена од денот на утврдувањето на добитниците на web страната www.zlatendab.com.mk , со објавување на извлечениот код и телефонскиот број на добитникот (без последните две цифри).

По добивање на повратна порака дека е добитник на награда, добитникот ќе биде контактиран од страна на оператор, ангажиран од Организаторот, на телефонскиот број преку кој добитникот го има испратено кодот, како би му ја потврдил наградата и би му ги побарал сите потребни податоци (име, презиме, адреса, трансакциска сметка, оригинал капаче со добитниот код, број на лична карта) со цел исплата на наградата на неговата сметка. Добитникот е должен да го приложи капачето со добитниот код и повратната порака дека е добитник, а во спротивно нема да му се исплати паричната награда. Личните податоци од добитникот се бараат исклучиво заради проверка на правото за учество во наградната игра и за испорака на наградата.

Во извлекувањето на наградите за секоја награда ќе се извлече и по еден резервен добитник, на кој ќе му биде доделена наградата, доколку првично извлечениот добитник не ги исполнува условите согласно овие правила, посебно доколку извлечениот добитник не ја приложи смс пораката и добитното капаче во рок од 7 денови од објавата, со добитникот не може да се исконтактира во период од 7 денови од извлекувањето поради недостапност, добитникот е малолетен и слично. Капачето со добитниот код треба да се чува како доказ за купениот производ и задолжително треба да се приложи во оригинал во рок од 7 денови од објавата на добитниците, при што податоците во испратената смс/вибер порака треба да соодветствуваат со испратените податоци.

Извлекувањето на наградите ќе биде контролирано од страна на жири комисија.
Членови на жири комисијата ќе бидат:
Претставник од Прилепска Пиварница
Претставник од Футура маркетинг агенција
Претставник од Виртуал ЦС ДООЕЛ Скопје


8. Исплата на наградите

Наградите ќе бидат исплатени во рок од 30 дена, од објавување на добитниците на трансакциска сметка и според податоци од лична карта претходно утврдена со контактирање на добитникот на наградата.
Пред исплатата на наградата добитникот е должен да го достави на увид и добитното капаче со кодот кој е испратен и извлечен. Контрола на валидноста на добитното капаче, односно капаче кое на долната страна има симбол КОД ќе ја врши лице вработено во Прилепска Пиварница.

Доколку извлечениот добитник не ги исполнува условите по овие правила а посебно доколку не го приложи добитното капаче и повратната смс порака, или со добитникот не може да се исконтактира во период од 7 денови од извлекувањето поради недостапност, добитникот е малолетен, не го достави капачето или од било која причина, за која не е и нема да биде одговорен Организаторот, тој/таа го губи правото на награда. Организаторот нема да има никаква одговорност кон учесникот. Во тој случај наградата во дополнителен рок од 30 денови ќе биде исплатена на резервниот добитник доколку истиот ги исполнува условите согласно овие правила. После истекот на 30-те дена Прилепска Пиварница А.Д.-Прилеп нема никаква одговорност околу наградите. Количината на наградите од Наградната игра е ограничена и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои што се претходно определени. Замена за наградите со други награди, не е дозволена. Организаторот не се обврзува да понуди друг тип на награда во истата противвредност од планираните награди. Учесниците во Наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во правилата од страна на Организаторот. Организаторот после завршувањето на наградната игра ќе ги повлече сите амбалажи на кои ќе биде назначено дека се за наградната игра.

9. Приговори:
Незадоволниот учесник има право на приговор во рок од 5 дена од денот на објавување на добитниците, а Прилепска Пиварница АД-Прилеп ќе одговори на приговорот во рок од 15 дена од денот на поднесување на приговорот. Приговорите ќе се разгледуваат само доколку се упатени по писмен пат на адресата на Организаторот ул.„Цане Кузманоски” бр. 1 Прилеп.


10. Запознавање на учесниците со наградната игра:

Правилата на наградната игра, со цел запознавање на учесниците на истата, по добивање на согласност од  министерството за финансии, пред започнување на наградната игра, ќе бидат објавени јавно на официјална веб страна на организаторот на наградната игра,  www.zlatendab.com.mk . За начинот на учество во наградната игра ќе се емитуваат и телевизиски спотови, а учесниците ќе бидат запознаени и преку билборди, социјални мрежи, постери и на друг вообичаен начин.


11. Награден фонд на наградната игра:

Награди кои ќе бидат доделени во наградната игра со име „500 евра секој ден со Златед Даб
во организација на Прилепска Пиварница АД-Прилеп се 42 дневни награди со поединечна вредност од по 30.750,оо денари.

Сите трошоци за наградната игра ги сноси Прилепска пиварница А.Д. Прилеп од својот буџет за реклама. Организаторот е одговорен за сите даноци, недоместоци и одговорности поврзани со наградите вклучително и данокот на личен доход. Секој од добитниците ќе добие потврда за добивка со подмирен данок на личен доход, подготвена и заверена од организаторот на наградната игра.


12. Одобрение за обработка на лични податоци

Со испраќање на СМС/Вибер порака за учество во оваа наградна игра, учесниците се согласни да ги дадат своите лични податоци на организаторот и тоа: име, презиме, телефонски број, улица, број, поштенски код, град, сметка, број на лична карта, како и личната карта на увид.

Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на Наградната игра. Личните податоци од добитникот се бараат исклучиво заради проверка на правото за учество во наградната игра и за исплата на наградата. Вршењето увид во личната карта е потребно за да се утврди правото на учество во наградната игра. Личните податоци на учесниците нема да се користат за други цели, освен со изрична согласност на учесникот.

За сите лица, кои ќе бидат вклучени во процесот на прибирање и обработка на личните податоци,
ќе се обезбедат потпишани овластувања за работа со лични податоци и изјава за заштита на лични
податоци.

Организаторот на наградната игра се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра. Обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг ќе се извршува во целост во согласнот со Законот за заштита на личните податоци, а секој учесник во наградната игра има право во секое време бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.

Организаторот се обврзува дека ќе ги обработува, чува и уништи податоците во согласност со
законодавството со кое е уредена заштитата на личните податоци.


13. Реклама на наградната игра:

Сите трошоци за наградната игра ги сноси Прилепска Пиварница АД-Прилеп од својот буџет за реклами.


14. Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците на наградната игра надлежен е Основен суд Прилеп.


15.
Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик. Со самото учество во наградната игра учесникот се согласува, доколку биде извлечен за некоја од наградите, неговите лични податоци да бидат јавно објавени. Организаторот на наградната игра не дава гаранција дека учесникот ќе добие награда доколку потроши поголема сума на пари.


16. Важност на правилата на наградната игра:

Овие правила ќе започнат да се применуваат откако Министерството за финансии ќе изададе Дозвола за приредување на игра на среќа-наградна игра и ќе важат се до завршувањето на наградната игра. Со учество во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.
ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА
Организатор,
Прилепска Пиварница АД Прилеп