Златен Даб се приклучува на глобалното движење посветено на машкото здравје – Мовембер. Во целиот свет месецот ноември се обележува со различни активности за подигнување на свеста за двете најчести заболувања кај мажите, ракот на тестиси и ракот на простата, но и генерално психофизичкото здравје на мажите.
Прилепска Пиварница ќе овозможи парична донација за поддршка во борбата за рана детекција и лекување на овој вид болести кај машката популација. Со секој купен Златен Даб вие се приклучувате кон иницијативата на Прилепска Пиварница за донација што ќе биде наменета за медицинскa опрема за потребите на Одделот за урологија во Општата болница Прилеп и ќе изнесува 600.000 денари.
Прилепска Пиварница повикува на свесност за машките болести и за целокупното машко здравје, редовна посета на лекар, контрола и превенција од болести, бидејќи машкото здравје е важно! Биди и ти дел од движењето, уживај во вкусот на Златен Даб и донирај за машкото здравје.
Машкото здравје не е честа тема во нашето секојдневие и информираноста за специфично машки болести, причините за нивно појавување, ризиците и начините на лекување, е многу мала. Мажите „забораваат“ да одат на редовни прегледи кога се чувствуваат добро и се јавуваат на лекар дури тогаш кога имаат некаков здравствен проблем. Ноември е месец кога акцентот е ставен токму на машката добросостојба.
Затоа, Златен Даб и акцијата Мовембeр те потсетуваат - не одложувај повеќе, информирај се и закажи редовен преглед.
И, секако, донирај за здравјето на сите мажи!
Канцер на тестиси е заболување што се јавува кај мажите, кое со рано откривање и соодветна терапија има огромни шанси за излекување.
Најважен фактор во борбата против овој вид канцер е навременото откривање, кое подразбира редовни уролошки прегледи, но секако и самопрегледување.
Канцер на тестиси е заболување што се јавува кај мажите, кое со рано откривање и соодветна терапија има огромни шанси за излекување.
Најважен фактор во борбата против овој вид канцер е навременото откривање, кое подразбира редовни уролошки прегледи, но и самопрегледување.
Најраните симптоми се видливи и можат лесно да се препознаат со опипување. Наједноставно е за време на туширање со допир да ги прегледате тестисите. Доколку забележите промени во формата, постоење безболни тврди отоци или грутки на тестисите, веднаш јавете се на преглед кај вашиот матичен уролог.
Некои од симптомите што можат да укажуваат на карцином на тестиси се менување на големината на тестисите, зголемување или намалување, непријатни болки во препоните, во градите, во долниот дел на стомакот или во едниот тестис.
Канцер на простата е асимптоматско заболување што се јавува кај мажите, кое може да биде детектирано со рутински преглед или кога веќе е во поодминат стадиум и се проширило на околните ткива, па предизвикува одредени симптоми.
Ракот на простатата е излечив доколку се открие во рана фаза со редовни прегледи предвидени за машката популација.
Канцер на простата е асимптоматско заболување што се јавува кај мажите, кое може да биде детектирано со рутински преглед или кога веќе е во поодминат стадиум и се проширило на околните ткива, па предизвикува одредени симптоми.
Ракот на простатата е излечив доколку се открие во рана фаза со редовни прегледи предвидени за машката популација.
Некои од симптомите што можат да упатуваат на овој вид заболување и треба да се аларм за посетување лекар се појава на почесто мокрење (особено навечер), тешкотии при започнување на мокрењето, неможност за мокрење, болка или чувство на печење при мокрење, крв во урината, болка во долниот дел на грбот, болки во коските, болна ејакулација.