На здравје,
за машкото здравје!


На здравје,
за машкото
здравје!

Златен Даб се приклучува на глобалното движење посветено на машкото здравје – Мовембер. Во целиот свет месецот ноември се обележува со различни активности за подигнување на свеста за двете најчести заболувања кај мажите, ракот на тестиси и ракот на простата, но и генерално психофизичкото здравје на мажите.

Со специјална едиција на дизајн на стаклени шишиња Златен Даб, Прилепска Пиварница ќе овозможи парична донација за поддршка во борбата за рана детекција и лекување на овој вид болести кај машката популација. Со секое купено пиво Златен Даб во стаклена амбалажа од 0,33l и од 0,5l вие се приклучувате кон иницијативата на Прилепска Пиварница за донација што ќе биде наменета за медицинскa опрема за потребите на Одделот за урологија во Битола и ќе изнесува до 500.000 денари.

Прилепска Пиварница повикува на свесност за машките болести и за целокупното машко здравје, редовна посета на лекар, контрола и превенција од болести, бидејќи машкото здравје е важно! Биди и ти

Корисни информации
за твоето здравје

Машкото здравје не е честа тема во нашето секојдневие и информираноста за специфично машки болести, причините за нивно појавување, ризиците и начините на лекување, е многу мала. Мажите „забораваат“ да одат на редовни прегледи кога се чувствуваат добро и се јавуваат на лекар дури тогаш кога имаат некаков здравствен проблем. Ноември е месец кога акцентот е ставен токму на машката добросостојба.

Затоа, Златен Даб и акцијата Мовембeр те потсетуваат - не одложувај повеќе, информирај се и закажи редовен преглед.
И, секако, донирај за здравјето на сите мажи!

Што е канцер на тестиси?

Канцер на тестиси е заболување што се јавува кај мажите, кое со рано откривање и соодветна терапија има огромни шанси за излекување.

Превенција

Најважен фактор во борбата против овој вид канцер е навременото откривање, кое подразбира редовни уролошки прегледи, но секако и самопрегледување.

Што е канцер на тестиси?

Канцер на тестиси е заболување што се јавува кај мажите, кое со рано откривање и соодветна терапија има огромни шанси за излекување.

Превенција

Најважен фактор во борбата против овој вид канцер е навременото откривање, кое подразбира редовни уролошки прегледи, но и самопрегледување.

Како функционира самопрегледувањето?

Најраните симптоми се видливи и можат лесно да се препознаат со опипување. Наједноставно е за време на туширање со допир да ги прегледате тестисите. Доколку забележите промени во формата, постоење безболни тврди отоци или грутки на тестисите, веднаш јавете се на преглед кај вашиот матичен уролог.

Симптоми

Некои од симптомите што можат да укажуваат на карцином на тестиси се менување на големината на тестисите, зголемување или намалување, непријатни болки во препоните, во градите, во долниот дел на стомакот или во едниот тестис.

Што е канцер на простата?

Канцер на простата е асимптоматско заболување што се јавува кај мажите, кое може да биде детектирано со рутински преглед или кога веќе е во поодминат стадиум и се проширило на околните ткива, па предизвикува одредени симптоми.

Превенција

Ракот на простатата е излечив доколку се открие во рана фаза со редовни прегледи предвидени за машката популација.

Што е канцер на простата?

Канцер на простата е асимптоматско заболување што се јавува кај мажите, кое може да биде детектирано со рутински преглед или кога веќе е во поодминат стадиум и се проширило на околните ткива, па предизвикува одредени симптоми.

Превенција

Ракот на простатата е излечив доколку се открие во рана фаза со редовни прегледи предвидени за машката популација.

Симптоми

Некои од симптомите што можат да упатуваат на овој вид заболување и треба да се аларм за посетување лекар се појава на почесто мокрење (особено навечер), тешкотии при започнување на мокрењето, неможност за мокрење, болка или чувство на печење при мокрење, крв во урината, болка во долниот дел на грбот, болки во коските, болна ејакулација.